Пребарај

Зачувани статии

Сè уште немате додадено статии во бележникот!

Разгледај статии

Силен земјотрес со јачина од 7,7 степени ја погоди Јапонија

Силен земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала ја погоди североисточната крајбрежна област на Јапонија на 20 април 2026 година, по што беа активирани предупредувања за цунами и спроведени масовни евакуации.


Според официјалните податоци, епицентарот бил лоциран во Тихиот Океан, во близина на регионот Санрику, на релативно мала длабочина. Властите првично издадоа предупредување за бранови со висина до 3 метри, но подоцна регистрираните бранови достигнаа околу 80 сантиметри.



Над 170.000 жители во неколку префектури добија наредба за евакуација како мерка на претпазливост, додека сообраќајот, вклучувајќи ги и линиите на брзите возови, беше привремено во прекин.


Засега нема извештаи за жртви или за значителна материјална штета, иако се пријавени неколку случаи на полесно повредени лица. По неколку часа, степенот на опасност од цунами беше намален, по што ситуацијата на теренот почна постепено да се стабилизира.


Јапонската метеоролошка агенција предупреди на зголемен ризик од посилни последователни потреси во наредните денови, нагласувајќи дека станува збор за проценка базирана на сеизмичка активност, а не за прецизна прогноза.


Јапонија се наоѓа во рамките на т.н. Пацифички „Огнен прстен“, една од сеизмички најактивните зони во светот, поради што земјотресите во оваа земја се честа појава.

Последни теми