Малолетничка била жртва на вознемирување и обид за присилно одведување во Тетово, случај кој е веќе пријавен во полицијата.
Според информациите на МВР, на 15 април во 17:20 часот, 22-годишна жена во СВР Тетово пријавила дека лицето Х.И. ја вознемирувало нејзината малолетна сестра и физички ја допирало.
Според пријавата, во еден наврат тој ја навел малолетничката да влезе во неговиот автомобил и ја однел во шумски предел во Тетовско, каде што продолжил со вознемирувањето. Подоцна, во парк во Тетово, истиот се обидел со употреба на сила повторно да ја внесе во возилото, но во намерата бил спречен од нејзини пријатели.