Турист од Швајцарија пријавил во полиција дека бил измамен од таксист во Скопје, откако му била наплатена нереално висока сума за кратко возење.
Според пријавата, 43-годишниот патник користел такси-превоз од центарот на градот до Средно Водно, при што возачот му наплатил 7.800 денари. Откако туристот реагирал дека сумата е превисока, таксистот станал агресивен и го напуштил местото, пренесува ТВ Стар.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за идентификување на возачот и целосно расчистување на случајот.