Вчера (21.04.2026), околу 17:00 часот, во Полициското одделение Галате било пријавено дека во селото Градец, при изведување градежни работи на приватна куќа, починал И.А. (48) од Тетово.
Според информациите од СВР Тетово, при обид да одглави заглавена сајла на кран, дошло до пукање на метален дел од конструкцијата, кој го удрил мажот во пределот на главата. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт на местото на настанот, а увид извршиле јавен обвинител и екипа од ОВР Гостивар.
По наредба на јавниот обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција.