Пребарај

Зачувани статии

Сè уште немате додадено статии во бележникот!

Разгледај статии

„Комунална хигиена“ исчисти 655 м³ отпад во Скопје

Екипите на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје во текот на изминатата недела подигнаа и транспортираа вкупно 655 кубни метри непрописно одложен отпад од територијата на главниот град.


Како што информираат од претпријатието, отстранети се неколку поголеми диви депонии на улиците „Перо Наков“ во општина Гази Баба, „Џон Кенеди“ во општина Чаир и „Гвадалахара“ во општина Шуто Оризари.


Паралелно со активностите за чистење, Еко-патролата составила 19 записници за физички и правни лица затекнати при кршење на Законот за јавна чистота. Најголем дел од записниците, по шест, се издадени на територијата на општините Чаир и Карпош.


Од „Комунална хигиена“ упатија апел до граѓаните да престанат со непрописното одлагање отпад на јавните и сообраќајните површини, нагласувајќи дека ваквите постапки директно ја загадуваат животната средина и претставуваат сериозен ризик за јавното здравје.

Последни теми