Пребарај

Зачувани статии

Сè уште немате додадено статии во бележникот!

Разгледај статии

„Луфтханза“ откажува 20.000 летови поради високите цени на горивото

Германската авиокомпанија „Луфтханза“ најави дека ќе откаже околу 20.000 летови на куси релации до октомври, како дел од мерките за справување со растечките трошоци за авионско гориво.


Според информациите, цената на керозинот е значително зголемена поради глобалните енергетски нарушувања поврзани со војната во Иран. Со оваа одлука, компанијата планира да заштеди околу 40.000 тони гориво и да ги редуцира нерентабилните линии.


Откажувањата најмногу ќе ги погодат европските дестинации, особено летовите од главните центри како Франкфурт и Минхен, а дел од нив веќе се укинуваат со темпо од околу 120 летови дневно.


Покрај високите цени на горивото, компанијата се соочува и со дополнителни предизвици, вклучувајќи штрајкови и реструктурирање на регионалниот огранок „Ситилајн“ (CityLine), што дополнително влијае врз редовниот распоред.


Овој потег е дел од поширок тренд во авиоиндустријата, каде што повеќе авиокомпании во Европа и во светот го намалуваат бројот на летови поради енормно скапото гориво и неизвесната енергетска состојба.

Последни теми